Податоци што ги користат сите фудбал верзии
- Резултати: над 150.000 натпревари, околу 145 лиги и купови. Голови по полувреме и краен резултат.
- Рејтинг на тимовите (Elo): сила на секој тим, ажурирана после секој натпревар, со предност на домаќин.
- Форма: последни 1, 2, 3, 5 и 10 натпревари (и посебно дома / на гости): бодови, победи, нерешени, дадени и примени голови, голови по полувреме, % над 2.5. Денови одмор меѓу натпреварите.
- Статистика од претходните натпревари: удари, удари во рамка, очекувани голови (xG) дадени и примени.
- Почетни квоти: квотите на кладилниците пред натпреварот за сите пазари (1X2, над/под, полувреме, ПВ/КР…).
- Лигата: просечни голови (и во 1. полувреме), % нерешени и % полувреме X во таа лига, дали е куп.
Пазари (24): 1X2, полувреме X, над 0.5 до 6.5 гола, домаќин/гостин над 0.5/1.5/2.5, 2-3 гола, ПВ/КР, кое полувреме повеќе голови, фаворит гол во 2. пол., аутсајдер 1-2 гола.
| Верзија | Како е направена |
| 🤖 v1 | Тренинг на сите сезони до минатата, тест на последните две сезони. Сите 22 модели, посебно за секој пазар. За секој пазар се зема моделот што бил најдобар до тој ден. |
| 🤖 v2 | Тренинг само на последното коло (последната недела), тест на следното коло, па се поместува коло по коло низ сите сезони од 2021: нов модел за секоја недела (~280 недели). Најбрзо реагира на форма, но учи од најмалку натпревари. ⚙️ засега само 13-те CPU модели 9-те GPU модели се тренираат и ќе бидат додадени. |
| 🤖 v3 | Исто како v2, но тренинг на последните 2 кола. |
| 🤖 v4 | Тренинг на последните 3 кола, тест на следното коло (проверено и 2 кола напред). |
| 🤖 v5 | Тренинг на последните 4 кола, тест на следното коло (и 2 кола напред). |
| 🤖 v6 | Тренинг на последните 5 кола. Најмногу податоци од верзиите по кола, најмирна. |
| 💎 v7 | Како v1, плус подетални квоти како влез: шанса според кладилницата без маржа (1X2, полувреме, над/под, двата даваат гол) и движење на квотата од почетна до крајна. Тикетите не ги земаат најсигурните, туку типовите со вредност: шанса × квота ≥ 1.05. |
| 👥 v8 | Како v7, плус играчите: оценка на очекуваната прва 11 (11-те со најмногу минути во последните 5 натпревари), кој е повреден или суспендиран и колку минути, голови и асистенции носи, оценка на голманот, нападот и средниот ред, длабочина на тимот и стабилност на поставата. |
| Модел | Што прави |
| CPU модели: |
| baza | Просек на лигата од тренинг-периодот. Контрола: секој вистински модел мора да е подобар од ова. |
| elo_logit | Логистичка регресија само на Elo рејтингот на двата тима. |
| logreg | Логистичка регресија на сите карактеристики. Едноставна и стабилна. |
| naive_bayes | Gaussian Naive Bayes: секоја карактеристика посебно, па ги спојува. |
| knn | Ги бара најсличните натпревари од минатото и гледа како завршиле. |
| random_forest | Случајна шума: 300 дрва на одлуки, секое на дел од податоците, гласаат заедно. |
| extra_trees | Како Random Forest, но со уште поголема случајност. Помалку се „лепи“ за шумот. |
| hist_gb | Gradient boosting: дрва едно по друго, секое ги поправа грешките на претходните. |
| lightgbm | Брз и силен gradient boosting, стандард за табеларни податоци. |
| xgboost | Gradient boosting со посилна регуларизација. |
| catboost | Gradient boosting со симетрични дрва, отпорен на претренирање. |
| nevronska | Невронска мрежа (64-32 неврони). |
| poisson | Очекувани голови за секој тим и полувреме, па Poisson матрица на сите резултати → сите пазари од еден модел. |
| GPU модели (невронски мрежи и симулации): |
| ft_transformer | Transformer за табели: една мрежа за сите пазари одеднаш. |
| tabnet | Мрежа со „внимание“ што сама избира кои колони да ги гледа. |
| tabpfn_golovi | Однапред истрениран transformer за табели → очекувани голови → пазари. |
| autogluon_golovi | AutoML: сам пробува и комбинира повеќе модели → очекувани голови → пазари. |
| lstm_golovi | LSTM мрежа: ги гледа последните 10 натпревари на двата тима по редослед. |
| gru_golovi | GRU мрежа: исто, низата од последните 10 натпревари. |
| transformer_golovi | Transformer врз последните 10 натпревари на тимовите. |
| timovi_mreza | Мрежа на тимови: напад и одбрана на секој тим и лига научени како вектори. |
| monte_carlo | Симулација на натпреварот минута по минута (илјадници пати). Тимот што губи напаѓа повеќе. |
| Верзија | Како е направена |
| 🤖 v1 | Прва верзија: модели за голови и за секој пазар, на резултати, Elo, форма, голман, одмор и почетни квоти. Тест на последните две сезони. |
| 🤖 v2 | v1 плус оценки на играчите, очекувани голови (xG) и за AHL, и посебни модели за NHL и AHL (двете лиги се различни). 21 модел + 9 мрежи. |
| 🤖 v3 | v2 плус новости: вести и објави за тимовите (повреди, промени, расположение) обработени со јазичен модел во бројки по тим. |
| 🤖 v4 | v3 плус детални очекувани голови (xG) за NHL и патување: километри, временски зони, колку денови тимот е на гостување, замор. |
| ⏱️ v2 · пред меч | Истите модели како v2, но типовите се прават околу половина час пред почетокот, кога е потврден стартниот голман (и составите во AHL) и со најсвежата квота. |
| ⏱️ v3 · пред меч | Истото за v3 (со новостите), пред самиот почеток. |
| Модел | Што прави |
| golovi | Очекувани голови за секој тим (gradient boosting), па матрица на сите резултати → сите пазари. |
| golovi_bez_kvoti | Истото, само од статистика (не ги гледа квотите). |
| dinamicki_rejting | Рејтинг за напад и одбрана на секој тим, ажуриран после секој натпревар. |
| kladionica | Шанси според почетните квоти без маржа. Репер: другите модели мора да се подобри од ова. |
| kladionica_korekcija | Тргнува од квотата и ја коригира со одмор, форма, голман и Elo. |
| specijalni_boosting | Посебен gradient boosting модел за секој пазар. |
| specijalni_bez_kvoti | Посебен модел за секој пазар, само од статистика. |
| logisticki | Линеарен (логистички) модел за секој пазар, едноставен и стабилен. |
| random_forest | Случајна шума за секој пазар. |
| nevronska_mreza | Мала невронска мрежа за секој пазар. |
| + уште модели | Други gradient boosting и статистички варијанти за голови и за пазари (вкупно 21 модел). |
| 9 мрежи (v2) | FT-Transformer, TabNet, TabPFN, LSTM, GRU, Transformer врз низата натпревари, мрежа на тимови, Monte Carlo симулација, AutoML. |
Без гаранции. Обложувањето е ризично, само за 18+, одговорно.